Ни висат европските пари за Коридорот 10

Bez autora
May 29 2011

Грантот од 45 милиони евра од Европската комисија наменет за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица може да биде повлечен паради доцнењето на тендерите што треба да ги спроведе Министерството за транспорт и врски. Дали постои можност да пропадне оваа капитална инвестиција вредна 271 милион евра само два месеца откако се собраа сите пари, во Транспорт нема кој да одговори. Неколку години беа посветени на обезбедување на потребните финансии за овој проект од Европската инвестициона банка во висина од 130 милиони евра, Европската банка за обнова и развој, која одобри кредит од 107 милиони евра и грантот од 45 милиони евра од ЕК. Сега излегува дека сета инвестиција виси и може да пропадне поради бавноста на Министерството за транспорт.

Ни висат европските пари за Коридорот 10Грантот од 45 милиони евра од Европската комисија наменет за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица може да биде повлечен паради доцнењето на тендерите што треба да ги спроведе Министерството за транспорт и врски.

Дали постои можност да пропадне оваа капитална инвестиција вредна 271 милион евра само два месеца откако се собраа сите пари, во Транспорт нема кој да одговори. И покрај нашата упорност и инсистирање да стапиме во контакт со одговорните, сите прашања на „Утрински весник“ упатени до Министерството во текот на вчерашниот ден останаа неодговорени. Неколку години беа посветени на обезбедување на потребните финансии за овој проект од Европската инвестициона банка во висина од 130 милиони евра, Европската банка за обнова и развој, која одобри кредит од 107 милиони евра и грантот од 45 милиони евра од ЕК. Сега излегува дека сета инвестиција виси и може да пропадне поради бавноста на Министерството за транспорт.

Реализацијата на последниот дел од Коридорот 10 во нашата земја, на што се чека со години, се одвива со безброј тешкотии, но тоа не ги спречува политичките партии да го користат како еден од главните адути во предизборната кампања. Инфраструктурните проекти, особено автопатите, заземаат високо место во програмите на речиси сите партии, кои деновиве се грабаат за секој километар изграден пат во нивно време. Оваа важна делница беше дел од Преродбата на ВМРО- ДПМНЕ од 2006 година, а се префрли и меѓу главните ветувања од областа на инфраструктурата во „Манифестот“ за реформи и развој.

Инаку, министерот Миле Јанакиески пред еден и пол месец изјави дека тендерот за избор на изведувач ќе биде објавен најдоцна до почетокот на мај, но досега не се случи тоа. Постапките што мораа да се завршат пред започнувањето на изградбата на делницата најавена за почетокот на идната година, доцнат со месеци.

Усогласувањето на документацијата изготвена од Министерството со правилата на ЕУ за претходниот тендер за избор на надзор на изградбата траеше повеќе од половина година и заврши во март по неколку предупредувања дека постапката се развлекува и го доведува во прашање искористувањето на грантот. Истата ситуација се повторува и со изборот на изведувачот, кој треба да се спроведе под надзор на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Дека искористувањето на парите од ЕК е неизвесно во случај да се задоцни со избирањето изведувач, пред два месеца признаа и од Министерството, во тоа време уверени дека не е можно да биде стопиран целиот грант.

„Можно е да се загубат само мал процент од средствата алоцирани за овој проект поради стрикните правилата на ЕУ за алоцирање и употреба на средства од компонентата за Регионален развој во рамките на Инструментот за претпристапна помош, но целосно повлекување на грантот од ЕК не е можно да се случи“, информираа тогаш од Министерството. Министерот Јанакиески најави и дека договорот со градежната фирма избрана на тендерот би требало да биде потпишан до крајот на годината, а изградбата на автопатот да трае 5 или 6 години. Владата во проектот треба да учествува со 6 милиони евра од буџетот.

Новиот автопат ќе се гради од излезот на Демир Капија преку селото Миравци до Смоквица каде што се врзува со веќе постојниот автопат. Според изведбениот проект, на делницата е предвидено да бидат изградени и две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела со должина од 1.200 метри, 6 моста со должина од 100 до 500 метри, исто толку потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата ќе изнесува 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк 3 метри.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik